Prikazna

Авторките на проектот, Билјана Клекачкоска- македонска дизајнерка на накит која со современ авторски пристап твори во филигранска техника и Тина Кодер Грајзар – словенечка дизајнерка која авторски твори Идриска чипка, ги поврзува сличниот пристап и концепт во работата како и сличниот начин на размислување. Како основен медиум и поле на изразување и двете избираат стари занаетчиски техники, органски поврзани со поднебјето од кое доаѓаат. Како појдовна точка на заедничкиот проект тие избираат по еден симбол од местата во кои живеат и творат – големата мајка божица од Скопје и Љубљанскиот змеј. Сакајќи да додадат нова, актуелна димензија на овие два митлошки симбола, Билјана ја замоли својата пријателка, писателката БарбараДраговиќ, специјално за оваа прилика да напише нов, современ мит кој ќе ги вклучува обата симболи. Така настана кратката приказна "Мајката божица и змејот", која авторките на изложбата ја користат како појдовна точка и инспирација за заедничкото творење. Во презентираната колекција на накит уметниците го истражуваат дуалниот принцип (машко-женски, активно-пасивно, динамично-статично итн.) како на ниво на форма, така и на ниво на материјал. Трагаат по точките на допир, спој од кој ќе произлезе нов производ со оптимална резонанца на двете техники и двата авторски начини на изразување.

cenovnik

Za nas

Bibi Klekackoska & Tina Koder Grajzar

Bibi Klekackoska & Tina Koder Grajzar